17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА215.000 е бројката која би требало сите во светот да ги загрижи

215.000 е бројката која би требало сите во светот да ги загрижи

Глобалниот долг во минатата година бил три пати поголем од светскиот БДП и изнесувал вкупно 215.000 милијарди долари.

Тоа го покажува истражувањето на Институтот за меѓународни финансии (IIF).

Глобалниот долг во 2016 година е зголемен за 7.600 милијарди долари во однос на претходната година. Неговиот удел во светската економија во минатата година изнесувал 324 проценти, во однос на 320 проценти колку што изнесувал во 2015 година, утврдија во IIF.

Поголемиот дел од тој долг отпаѓа на нефинансиските компании, утврдија од Институтот.

Вкупно во периодот од 2006 до 2016 година во групата на економиите во развој се наталожиле речиси 40.000 милијарди долари нов долг, значително повеќе отколку во периодот од 1996 до 2006 година, кога новото задолжување изнесуваше околу 9.000 милијарди долари, констатираат авторите на извештајот кој беше објавен.

На групата развиени земји во минатата година отпаднале 160.000 милијарди долари долг, односно 390 проценти од нивниот БДП. Тоа значи дека долгот бил речиси четири пати поголем од вкупната вредност на економијата.

Во IIF напоменуваат дека државата била главен мотор за зголемување на долгот во таа група на земји за 32.000 милијарди долари. Така долгот на американскиот и британскиот јавен сектор е повеќе од двојно зголемен во однос на 2006 година.

Нагласуваат исто така дека вредноста во јавниот долг на Јапонија и развиените европски економии во долари е зголемена за околу 50 проценти, утврдија во IIF. Се напоменува исто така дека најголемиот дел на зголемување на долгот во групата на економии во развој отпаѓа на долгот во локални валути, чија вкупна вредност на крајот на 2016 година изнесувала нешто повеќе од 48.500 милијарди долари, во однос на 43.000 милијарди долари на крајот на 2015 година.

Во изминатите 10 години глобалниот долг пораснал за повеќе од 70.000 милијарди долари, заклучија од институтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП