18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватите добија аутлет за храна- пониски цени и од 90%

Хрватите добија аутлет за храна- пониски цени и од 90%

Загреб доби уште една аутлет продавница за храна во која се продава храна пред истекот на рокот на употреба, поевтина дури и од 90 отсто, пишува Јутарњи лист.

Се работи за продажба на храна која трговските центри и фабриките поради различни причини не успеале да ја продадат.

Продавницата се простира на 300 квадратни метри и на полиците се наоѓа вишок роба, оштетени производи и храна пред истек на рокот.

Во новоотворениот аутлет се нудат месни производи, сирење, јогурт и друга конкретна храна.

Сопствениците на оваа продавница ја добиле идејата за овој концепт кога виделе колку храна всушност се фрла.

Сопствениците откриле дека имаат планови за отварање на нови слични продавници во Загреб, но и дека ќе се шират и низ цела Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП