Денеска на скопскиот аеродром „Александар Велики” ќе биде промовирана нова авионска линија Скопје- Будимпешта.
Граѓаните на оваа релација ќе може да патуваат со нискобуџетната авионската компанија „Wizz Air“.
На промоцијата најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и унгарскиот амбасадор Дукс Ласло Иштван.