27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРозовиот дијамант продаден за 71 милион долари

Розовиот дијамант продаден за 71 милион долари

Британската аукциска куќа “Сотби” го продаде розовиот дијамант со големина на јајце за рекордни 71,17 милиони долари. Новиот газда беше непознат купувач од Хонг Конг, пренесоа во вторникот Франс прес и ДПА.

За скапоцениот камен наддаваа тројца клиенти пред да се појави најголемата понуда што беше предложена од непознатиот купувач, кој се јави преку телефон.

59,6-каратниот розов дијамант е со големина на јајце. Првично бил откриен во рудник од компанијата “Де Беерс” каде небрусен камен бил проценет на 132,5-каратен дијамант.

Со исклучителни димензии и заситена боја овој скапоцен камен го надмина познатиот розов дијамант „Сината месечина на Џозефин”, истакнаа во акуциската куќа.

“Розовата ѕвезда” е најскапиот дијамант кој некогаш е продаден на аукција. Дијамантот “Сината месечина на Џозефин” беше продаден за 48,5 милиони долари на аукција на “Сотби”, која се одржа во 2015 година во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП