4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА4-ти април - Денот на тутунските работници беше одбележан во Прилеп

4-ти април – Денот на тутунските работници беше одбележан во Прилеп

Вработените во Институтот за тутун од Прилеп во вторникот го одбележаа 4-ти април, Денот на тутунските работници во Македонија. Овој ден секоја година традиционално се одбележува во најтутунарскиот крај во државава.

„Во 1938 година тутунските работници на чело со Борка Левата штрајкувале за своите права и затоа овој ден е наречен Ден на тутунските работници и секоја година тој традиционално се слави во Македонија. На овој ден на вработените во Институтот за тутун кои наполниле 30 години работен стаж им подаруваме златник со тежина од 3 грама и по една икона од нашиот патрон и заштитник Свети Никола“, изјави Гордана Мицеска, директор на Институтот за тутун.

Тутунските работници ги посети и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој им го честиташе денешниот ден.

„Во оваа прилика на сите тутунските работници во Прилеп и Македонија им го честитам денешниот празник. Им посакувам на сите тутунски работници да имаат полни раце работа и секако добар бериќет и приход што е од големо значење за локалната економија“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП