21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо нови 14 милиони евра се задолжи Владата

Со нови 14 милиони евра се задолжи Владата

Владата кај домашните банки, осигурителни друштва денеска се задолжи со нови 14 милиони евра на две аукции на хартии од вредност. Од Министерството за финансии за Макфакс велат дека според проспектите утре државата е предвидено да се раздолжи за истата сума. До крајот на јуни преостануваат уште 5 аукции со кои државата планира да се задолжи на домашниот пазар.

Министерството за финансии пред четири дена демантираше дека јавниот долг на Република Македонија надминал пет милијарди евра. Министерот Кирил Миноски во соопштение испратено до медиумите, обвини за политички мотиви за објавување на овој податок, кој го регистрираше интернет страната Јавендолг.мк.

Според сајтот Јавен долг, Македонија е задолжена со 53,22 проценти од БДП, а според министерството, вистински се само бројките објавени на нивната веб страница. Тие ја демантираа и информацијата дека ја промениле методологијата за пресметка на долгот. Тврдат дека тој изнесува 4,71 милијарда евра или 47,8 отсто од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП