2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНационалните паркови ја добија донираната плата на Трамп

Националните паркови ја добија донираната плата на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп својата плата од 78.333 долари, којашто ја доби за првиот квартал минат на функцијата од 20-ти јануари, ја префрлил во Службата за национални паркови на САД, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

„Претседателот е горд што своите приходи за првиот квартал од оваа година ги префрли на Националните паркови“, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер предавајќи му го чекот на министерот за внатрешни работи, Рајан Зинке.

Службата за национални паркови дејствува во рамките на министерството за внатрешни работи, коешто во САД се занимава со користењето на федералното земјиште и користење на минералите.

„Ова е сумата, до паричка, којашто претседател ја доби за првиот квартал од тековната година“, појасни Спајсер додавајќи дека станува збор за сума пред плаќањето на даноците.

Зинке изјави дека парите ќе бидат вложени во меморијалните комплекси посветени на Граѓанската војна (1861-1865). Тие се наоѓаат на федерално земјиште, а за нивната безбедност и состојба е задолжена спомнатата служба.

„Нашите намери се да ги потрошиме овие средства на развој на инфраструктурата во местата на историските битки на територијата на нашата земја“, изјави министерот додавајќи дека овој оддел цели на буџет од 229 милиони долари. Притоа, проектот за државниот буџет за следната година, разработен од администрацијата на Трамп предвидува намалување на расходите на министерството за внатрешни работи за 12 отсто или на 1,5 милијарди долари.

Портпаролот Спасјер, исто така, истакна дека претседателот самостојно одлучил да ја префрли својата плата на сметката на националните паркови, иако претходно се консултирал со правените советници на Балата куќа кои му претставиле „неколку опции“.

„Претседателот е убеден дека неговите пари ќе бидат добро потрошени, особено кога станува збор за обновувањата на местата на историските битки“, рече Спајсер.

Веднаш по победата на претседателските избори ланскиот ноември Трамп се откажа од годишната плата од 400.000 долари и објави дека има намера да ги подари добротворни цели. Според американските медиуми, богатството на њујоршкиот бизнисмен со недвижнини кој стана 45-от претседател на САД, изнесува околу 4 милијарди долари./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП