27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKFC ќе доставува пилешко преку Новозеландската пошта

KFC ќе доставува пилешко преку Новозеландската пошта

Соочена со падот на основната дејност поштата на Нов Зеланд го проширува своето делување и започнува со доставување и на пржено пилешко покрај писмата и пакетите.

Синџирот за брза храна KFC потпишал договор со новозеландската пошта која е основана пред 170 години за таа да ги доставува нивните производи до домашните адреси во извесен пробен период на островот Тауранга.

Според пишувањето на The New Zeland Herald, ваквата одлука во KFC ја донеле за да ги искористат логистичките потенцијали на поштата.

„Поштата има раширена мрежа за доставување на Нов Зеланд, a KFC постои во речиси сите градови“, изјавил Јан Летеле од KFC од каде што планираат на овој начин да дојдат до повеќе потрошувачи.

Бројот на писма на Нов Зеланд се преполовил во последните десет години и поштата сега се доставува трипати седмично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП