21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на Волстрит забележаа благ пад

Цените на акциите на Волстрит забележаа благ пад

Цените на акциите на Волстрит во понеделник благо паднаа, бидејќи инвеститорите се внимателни заради послабата продажба на автомобили во САД и сомнежите во исполнувањето на ветувањата за мерките за поттикнување на американскиот претседател Доналд Трамп.

Dow Jones ослабе 0,06 отсто, на 20.651 бодови, додека S&P 500 се лизна 0,16 отсто, на 2.358 бодови, додека Nasdaq 0,29 отсто, на 5.894 бодови.

Во осум од 11 најважни сектори на S&P 500 индексот, цените на акциите паднаа, а најмногу, 0,5 отсто, ослабе потрошувачкиот сектор.

И на европските берзи цените на акциите во понеделник паднаа.

Лондонски FTSE индексот ослабе 0,55 отсто, на 7.282 бодови, додека франкфуртски DAX се лизна 0,45 отсто, на 12.257 бодови, а париски CAC 0,71 отсто, на 5.085 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП