19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајавени кривични пријави против раководството на Југохром

Најавени кривични пријави против раководството на Југохром

Тетово без Југохром беше значително почисто во споредба со истиот период од изминатите години кога работел загадувачот, велат од Еко Герила.

„Просечното загадување со PM10 во текот на март 2017 година во Тетово беше 39 μg / m3, додека во претходните години, загадувањето било следно :
Март 2013 – 169.1 μg/m3
Март 2014 – 118.3 μg/m3
Март 2015 – 191.5 μg/m3
Март 2016 – 152.6 μg/m3“, појаснуваат од Еко Герила.

Според нив, Тетово без Југохром беше еден од најмалку загадени градови во Македонија, во споредба со претходните години, кога се искачи на највисоките места во Европа:

„Врз основа на представените факти, Еко Герила бара од МЖСПП и Македонската влада да продолжи со забраната за работа на загадувачот Југохром фероалојс, сè додека тој не ги постави соодветните филтри. Исто така, ние бараме од МЖСПП да започне со мерење на PM 2,5 честички во Тетово кои се уште поопасни од PM10“, велат од Еко Герила.

Во меѓувреме, Еко Герила ги информира граѓаните дека работи со правни експерти за да го стави загадувачот Југохром фероалојс пред лицето на правдата за предизвикување на загадување на воздухот на граѓаните на Тетово во текот на овој период, и истиот период да го компензира на сите оние кои се засегнати од ова загадување, а за кое загадувачот не платил никаква парична казна.

„Истовремено ние ќе поднесеме кривични пријави против генералниот директор на Југохром, Васил Скендеровски и против претседателот на синдикатот на Југохром, Бајрам Амити, за извршено дело со умисла, намерно загадување на животната средина и природата од членот 218, став 1 и 2 од Македонскиот Кривичен законик (што е казниво со најмалку пет години)“, порачуваат од Еко Герила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП