17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Вработена само една третина од населението

Црна Гора: Вработена само една третина од населението

Бројот на вработени во Црна Гора во минатата година бил поголем за 1,2 проценти во споредба со 2015 година, додека е зголемен и бројот на невработени за 2,3 проценти, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Во Црна Гора, која има 660.000 жители, од кои работно активни се 272,500, вработени се 224,200 жители, додека 48,300 се невработени.

„За популацијата меѓу 15 и 64 години, стапката на активност е 63,4 проценти, на вработеност 52 проценти, а на невработеност 18 проценти“, се наведува во соопштението.

Од Монстат истакнуваат дека со анкетата биле опфатени 8.340 домаќинства на територијата на Црна Гора.

Собрани се податоци за демогравски обележја за сите членови на домаќинствата, 24,990, а за 21,070 лица од 15 и повеќе години и податоци за нивната работна активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП