22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Додадената реалност - потенцијален пазар за 50 милијарди долари

График на денот: Додадената реалност – потенцијален пазар за 50 милијарди долари

Иако 2016-та година ќе биде запаметена како година во која виртуелната реалност конечно стана реална за корисниците, индустријата веќе ги насочува погледите кон следното достигнување, коментира „Statista“.

Индустриски лидери, како „Google“, „Apple“, „Microsoft“ и „Facebook“, веќе работат на уреди за додадена реалност, кои се прогласуваат за следниот голем хит.

„Sony“, „Facebook“, „Google“ и други компании веќе претставија очила за виртуелна реалност, а според проценките во 2016-та година беа испорачани 10 милиони уреди што и дава на технологијата голема предност пред додадена реалност.

Неодамнешната прогноза на „IDC“ освен тоа покажува дека очилата за додадена реалност наскоро нема да можат да се натпреваруваат со оние со виртуелната од гледна точка на продажбата. Аналитичарите на компанијата сепак очекуваат очилата за додадена реалност да се претворат во многу поголем пазар од гледна точка на приходите. Според нивните проценки пазарот на додадена реалност може да достигне речиси 50 милијарди долари во 2021-ва година, што објаснува зошто секоја голема компанија сака да биде дел од играта.

Заради сложената технологија се очекува идните уреди за додадена реалност да со значително повисоки цени од очилата за виртуелна реалност, кои во зависност од нивото на сложеност може да се купат за помалку од 100 долари.

Според аналитичарите на „IDC“ слични евтини модели можат конечно да и наштетат на технологијата на виртуелната реалност, наместо да и помогнат. Компанијата тврди дека корисниците кои имале лошо искуство, користејќи послаб модел, може да го свртат грбот на технологијата како целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП