Американскиот козметичко-медицински концерн „Johnson & Johnson“ извести дека понудата за преземање на швајцарската биотехнолошка компанија, тешка 30 милијарди долари, била успешна.
За Ројтерс е потврдено дека „Johnson & Johnson“ контролира 77,2 проценти од гласачкото право по главната понуда, која изнесува 280 долари по акција.
Се очекува дека купопродажбата ќе биде заклучена во овој, втор квартал од оваа година.
„Johnson & Johnson“ на „Actelion“, кој во портфолиото има и низа лекови против рак, пикира веќе подолго време, а планира со преземањето да создаде компанија која ќе биде наречена „Idorsia“, а која би ја водел основачот на „Actelion“ Жал Пол Клосе.
За разлика од „Actelion“ кој би бил делистиран, „Idorsia“ би котирала на берзата.