13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД повеќе нема да го финансира УНФПА, фондот на ОН за планирање...

САД повеќе нема да го финансира УНФПА, фондот на ОН за планирање на семејството

САД се повлекоа од финансирањето на Популацискиот фонд на Обединетите нации(УНФПА) кој го промовира планирањето на семејството во повеќе од 150 земји, јави BBC.

Стејт департментот соопшти дека УНФПА „поддржува или учествува во управување со програми за принудно абортирање или стерилизација“.

Ова е првото од ветените кастрења во американските финансиски давачки за ОН од страна на администрацијата на Трамп.

Од УНФПА соопштија дека жалат заради оваа одлука и дека не прекршиле никакви закони.

Вкупно 32,5 милиони долари се повлечени за фискалната 2017 година.

Претходно Трамп повторно воведе забрана за американско финансирање на секоја меѓународна организација која пружа било каква услуга или совет во врска со абортусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП