27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе одговори на турските санкции

Русија ќе одговори на турските санкции

Русија можеби ќе мора да воведе ограничувачки мерки за испораката на турска стока, ако Анкара создава бариери за руската стока, изјави потпретседателот на Владата Аркадиј Дворковиќ.

„Доколку тие така се однесуваат кон нас, можеби ќе мораме да возвратиме. Се надевам дека сепак здравиот разум ќе надвладее“, изјави пред новинарите Дворковиќ, одговарајки на прашањето, дали Русија ќе мора да воведе ограничувачки мерки на испораките на стока од Турција.

Од 15ти март Турција ја исклучи Русија од списокот земји кои можат да испорачуваат пченица без царина. На овој начин, за руските извозници е воведена царина: 130 проценти на увозот на пченица и пченка, 45 проценти за увозот на ориз, 9,7 проценти за гравот. Царината на маслото е 36 проценти. Турција за руската пченица е втор според важност пазар, за маслото прв, а за пченката трет.

Националната асоцијација на извозници на земјоделски производи на Русија побара од министерот за земјоделство Алаксандар Ткачев да преземе мерки за обнова на извозот на земјоделски производи во Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП