18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБудва најзадолжен црногорски град

Будва најзадолжен црногорски град

Според извештајот на Министерството за финансии на Црна Гора заклучно со 31 декември 2016 најзадолжена општина била Будва со 66,7 милиони евра од кои 64,5 према странство.

На второ место е Подгорица со 19,3 милиони евра, а на трето место е Бело Поле со 13,1 милиони евра.

Без долгови во 2017 година влегле Котор, Бар, Тиват, Гусиње и Петњица.

Според извештајот вкупниот долг на општините изнесува 175,7 милиони евра што е намален за 1,75 милиони евра во однос на крајот на претходната година.

Во извештајот се наведува дека внатрешниот долг на Црна Гора изнесува 400 милиони евра. Зголемувањето на внатрешниот долг главно се должи на задолжувањето преку емисија на домашни обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП