4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Турција надмина 11 проценти

Инфлацијата во Турција надмина 11 проценти

Инфлацијата во Турција во март ја достигна највисоката годишна стапка во повеќе од осум години, надминувајќи 11 проценти, покажаа официјалните објавени податоци.

Потрошувачките цени во март пораснале за 11,3 проценти на годишно ниво, што е најголемата годишна стапка од октомври 2008 година, соопшти турската агенција за статсистика.

На месечно ниво, цените пораснале за 1,0 проценти, поради скокот на цените на храната, транспортот и алкохолните пијалоци.

Инфлацијата, според оценките на економистите, сеуште е на загрижувачката двоцифрена територија, поради што, како што наведувааат, целната инфлацијата на централната банка од пет проценти ја прави недостижна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП