2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали ги озборувате своите колеги?

Дали ги озборувате своите колеги?

ozboruvanje1

Озборувањето на луѓето со кои работите, секако, не е нешто што би требало да го практикувате, ниту пак е убаво. Но, ако имате неодолива потреба за тoa, бидете претпазливи.

Какви забелешки и да имате за работата и однесувањето на колегите, тие ќе го најдат својот пат до шефот.

Освен тоа, тие „комплименти“ на сметка на одреден колега, освен што можат да ви донесат титула на „злоба“, може да ви пречат и во извршувањето на работните обврски.

Новата студија, објавена во Магазинот за социјална психологија, носи нова перспектива во озборувањето. Имено, резултатите покажале дека трачевите можат да ги мотивираат вработените да ги следат групните работни норми, поточно, повеќе да се трудат на работа. Озборувањето може да биде предупредување за оние мрзливите колеги конечно да се мрднат од место.

Сепак, тоа не значи дека секојдневно треба да одите на трач-партија со омилените колеги од работа и да уживате во озборувањето на другите ваши колеги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП