22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводствената активност во еврозоната достигна речиси шестгодишен максимум

Производствената активност во еврозоната достигна речиси шестгодишен максимум

Фабриките во еврозоната доживеале потешкотии да одговорат на побарувачката во минатиот месец, иако активноста се забрза со најбрза стапка од речиси шест години, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на новото истражување.

Последното читање на произведствениот индекс на менаџерите на налозите „PMI“ на „IHS Markit“ во еврозоната покажува зголемување до 56,2 поени во март, што е највисоко ниво од април 2011-та година и ја потврди прелиминарната оценка. За споредба, нивото во февруари беше 55,4 поени, а резултат над 50 поени укажува на проширување.

„Производството во еврозоната очигледно ужива успех во почетокот на пролетта, но и страда поради зголемениот притисок од доцнењето при понудата и растечките цени“, вели Крис Вилијамсон, главен бизнис економист на „IHS Markit“.

„Студијата сигнализира и највисоко ниво на одложување на налозите од речиси шест години, нагласувајќи ги тешкотиите со кои вршителите се борат за да ја пречекан повисоката побарувачка“, додава тој.


source: tradingeconomics.com

Производствениот раст во Германија исто достигна речиси 6-годишен врв во март во резултат на акутниот раст на нарачките на меѓупроизводи, што укажува дека секторот ќе помогне за проширување на економијата во првиот квартал.

„PMI“ индексот за производство во земјата покажува зголемување до 58,3 поени од 56,8 поени во февруари, што е највисоко ниво од 71 месеци и повторно се совпаѓа со првичната проценка.

Во Франција индексот исто покажува раст до 53,3 поени од 52,2 поени во февруари. Првичната проценка сепак беше за подобро претставување со 53,7 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП