20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа улицата „Питу Гули“ стартуваше целосната реконструкција на вториот дел

На улицата „Питу Гули“ стартуваше целосната реконструкција на вториот дел

Општина Центар ја започна комплетната реконструкција на вториот дел од улицата “Питу Гули“ на Водно.

На терен се изведува нова водоводна мрежа. Во должина од 600 метри ќе се реконструира постојната улична мрежа, ќе се асфалтира коловозот и ќе се постават нови тротоари со павер елементи.

„Оваа улица, иако се наоѓа во елитниот дел на населбата и е една од пофреквентните и позначајните за овој дел на Скопје, досега немаше атмосферска канализација. Водите при секој пообилен дожд се собираа и создаваа проблеми. Со новата атмосферска канализација која што ќе се постави по целата должина на вториот дел од улицата “Питу Гули“ со краците, водите од сите попречни улици ќе се прифаќаат на едно место. Граѓаните се жалеа и на дупките од прекопите“, велат од Општина Центар.

Локалната власт планира да започне со реконструкција на „ Ганчо Хаџипанзов“, „Димитар Пандилов“, „Капиштец“ и „Караорман“. Со ова се заокружува обновувањето на улиците на овој дел на Водно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП