ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Кисела Вода започна со дератизацијата на јавните површини

Општина Кисела Вода започна со дератизацијата на јавните површини

Општина Кисела Вода во понеделник започна со дератизација на јавните површини на нејзината територија.

Постапката за уништување на глодарите започна од населбата Драчево, а со истата, во наредните дваесет дена ќе бидат опфатени јавните површини и низ останатите месни и урбани заедници низ општината.

Дератизацијата ја спроведува Токси Вет во соработка со ЈП Водовод и канализација и општина Кисела Вода, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина.

Мамците против штетните глодари ќе бидат поставени во 3860 шахти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП