22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛоши прогнози за европската економија

Лоши прогнози за европската економија

Germany Europe Union Nobel Peace Prize

Европа се соочува со рецесија од поголеми размери во еврозоната, отколу што првично се очекуваше и со поголема стапка на невработеност, стои во извештајот на Европската унија.

Се објавува дека бруто домашниот производ на членките од еврозоната во оваа година ќе се намали за 0,4 проценти, што сепак е подобро од 0,6 проценти колку што изнесуваше минатата година, но за 0,1 проценти помалку од претходните очекувања.

Лошите прогнози го принудија европскиот комесар Оли Рен да и овозможи на Франција дополнителни две години за да го избалансира својот дефицит и да го донесе под нивото од три проценти од БДП.

Дури и Германија, најсилната членка на ЕУ, започна да страда од последиците на слабиот економски раст од соседните земји, така што растот оваа година ќе изнесува 0,4 проценти, додека минатата година тој изнесуваше 0,7 проценти.

Во извештајот се наведува дека стапката на невработеност во оваа година ќе достигне 12,2 проценти, а минатата година изнесуваше 11,4 проценти. Во моментов 19,2 милиони луѓе во еврозоната се невработени. Се очекува дека стапката во Грција и Шпанија ќе достигне 27 проценти.

Оли Рен во извештајот наведува дека во втората половина од годината би можело да се очекува раст на БДП и дека наредната година тој би можел да достигне 1,2 проценти.

Генерално, лошите прогнози можат да влијаат на Европската централна банка да превземе понатамошни чекори, иако ја промени референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 проценти.

ЕУ е најголемиот извозен пазар, а вкупното население на членките надмина половина милијарда луѓе. Доколку пазарот на ЕУ продолжи да стагнира, тоа негативно ќе се одрази на САД и Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП