4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на азиските берзи забележаа раст

Цените на акциите на азиските берзи забележаа раст

Цените на акциите на азиските берзи во понеделник благо пораснаа, продолжувајќи со позитивниот тренд од првото тромесечје, додека доларот на валутните пазари е стабилен.

На Токиската берза Nikkei индексот околу 7 часот беше во плус 0,3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Сингапур и Хонг Конг пораснале меѓу 0,2 и 0,4 отсто.

Во Австралија, пак, благо паднале, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот бил во добивка 0,3 отсто, откако во првото тромесечје скокна 12,3 отсто, што е негов најголем квартален скок во шест и пол години.

Продолжувањето на растот на азиските берзи на почетокот на второто тромесечје најмногу се должи на добрите показатели од економскиот регион, посебно кинескиот, чиј раст се стабилизираше по повеќегодишно забавување.

Позитивно на берзите влијае и стабилноста на цените на нафтата, кои минатата недела пораснаа за повеќе од четири отсто и така ги ублажија загубите во првото тромесечје.

Утрово на американскиот пазар цената на барелот стабилно се движи околу 50,55 долари, додека на лондонската берза барелот поевтини 0,2 отсто, на 53,54 долари.

На валутните пазари се тргува внимателно додека се чекаат нови вести што би можеле да влијаат врз курсевите.

Утрово индексот на доларот, што ја покажува вредноста на американската во однос на останатите шест најважни светски валути, се движи околу 100,40 бодови, исто како и во петокот.

При тоа, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи 111,40 јени, како и во петок при затворањето на пазарот.

Но, доларот ослабе во однос на европската валута, па цената на еврото утрово порасна 0,2 отсто, на 1,0675 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП