4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно ниска невработеност во Германија

Рекордно ниска невработеност во Германија

Рекордно ниска невработеност во Германија забележа Федералната агенција за вработување во месец март, објавија локалните медиуми.

Според податоците од минатиот месец, земјата веќе го достигна најнискиот број на граѓани без работа од обединувањето во 1990-та година. Наместо со 10.000, каква што беше прогнозата на експертите, невработени во Германија се намалени за цели 30.000 луѓе само за месец.

Така граѓаните без работни односи изнесуваат 5,8 отсто од населението. Според Агенцијата за вработување, пазарот на труд продолжува да се развива во многу позитивна насока.

Вработувањето расте постојано, а побарувачката на работна сила станува се поголема.

Се очекува за целата 2017-та година во Германија да има 44 милиони вработени граѓани и околу 2,5 милиони лица без работа.

Меѓу луѓето кои се бројат за невработени, има и огромен број бегалци. Најмногу нови работни места во моментов има кај јавните услуги, образованието и здравството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП