4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина уверена: Наредните 100 години се наши

Кина уверена: Наредните 100 години се наши

Кина ќе биде најголемиот светски производител на челик и железо и во наредните сто години, предвидува Ли Синчуанг, потпретседател на Кинеското здружение за железо и челик.

Тој е и претседател на Инситутот за планирање и истражување во металуршката индустрија, пишува кинескиот Народен дневник „People’s Daily“.

Кина во моментов има капацитети за производство на повеќе од 800 милиони тони суров челик годишно. Минатата година вкупното производство на суров челик во таа земја изнесуваше 50,3 проценти од вкупната светска продукција која достигна 1,6 милијарди тони, според статистичките податоци, се наведува во текстот.

Потрошувачката на челик и железо во Кина го достигна највисокото ниво од 702 милиони тони во 204 година, но наредната година е намалено на 664 милиони тони. Податоците за минатата година покажуваат, сепак, повторно благ раст на потрошувачката на 673 милиони тони, што е зголемување за 1,3 проценти на годишно ниво.

Експертите објаснуваат дека тој пресврт е поттикнат со развојот на инфраструктурата, како и со развојот на автомобилската и индустријата на недвижнините.

Ли наведува дека глобалниот пазар на челик и железо е пренесен во Кина, а за тоа, како што смета тој, придонесе економскиот развој и технолошкиот напредок на земјата. Тој исто така додаде дека индустријата на челик и железо е меѓу најконкурентните сектори во домашната индустрија.

Тој сектор достигнал, како што вели, високи стандарди во поглед на квалитетот, цената, обемот, услугата и брендот.

Кина минатата година инвестираше огромни суми да го намали вишокот капацитет во индустријата на челикот. Земјата најави лани планови за намалување за 100 до 150 милиони тони вишок капацитет во таа индустрија во наредните пет години, пишува кинескиот дневник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП