19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарскиот јавен долг 74 проценти од БДП

Унгарскиот јавен долг 74 проценти од БДП

Јавниот долг на Унгарија на крајот на минатата година изнесувал 25.922 милијарди форинти (84 милијарди евра), односно 74,1 проценти од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоците на унгарската централна банка.

Како што пренесува унгарската новинска агенција МТИ, буџетскиот дефицит на државата во 2016 година „тежел“ 609,7 милијарди форинти (1,97 милијарди евра) и е поголем за 82,2 милијарди форинти отколку претходната година.

Уделот на јавниот долг во БДП е зголемен за 0,1 процентен поен на 1,7 проценти, според прелиминарните податоци на централната канцеларија за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП