19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте бизнис довербата во Јапонија

Расте бизнис довербата во Јапонија

Бизнис довербата во Јапонија забележува подобрување за вториот по ред квартал, откако во март го достигна највисоко ниво од година и пол година.

Студијата „Tankan“ на Јапонската централна банка (ВоЈ) покажува дека позитивните ставови меѓу големите производители се покачи до 12 поени во март. Тоа е малку пониско од прогнозираната вредност од 14 поени, но над нивото од пред три месеци, кога индексот на „Тankan“ беше на ниво од 10 поени. Очекувањата се вредноста на истражувањето за следните три месеци да се намали малку до 11 поени.

Трговија на мало, хотелиерите и рестораните исто изразуваат уверување за зголемената потрошувачка. Нивните очекувања се подобруваат за прв пат по 6 квартали, па вредноста на истражувањето за услужниот сектор достигна едногодишен врв.

Податоци од друг економски индикатор – индексот „PMI“, покажуваат благо забавување во производството во март, но истражувањето на „BoJ“ влијаеше посилно од очекувањата и пазарните учесници предвидуваат дека следниот потег на централната банка на Јапонија ќе е да ги намали паричните олеснувања.

Економијата на Јапонија се врати во последниве месеци, бидејќи најсилната потрошувачка на глобално ниво помогна за зголемување на извозот и производството.

Очекувањата на фирмите за наредните три месеци се малку лоши поради што се појавуваат услови на несигурност во светската трговија, предизвикани од „Brexit“ и протекционистичките политики на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

„Јапонските компании се уште не земаат конкретни мерки поврзани со ризикот од протекционизам“, забележува Норио Мијагава, виш економист во банката „Mizuho Securities“. Според него резултатите од истражувањето „Тankan“ ја поддржале довербата во централната банка. Тој додава дека „Mizuho Securities“ засега не гледа потреба од промена на монетарната политика.

Инфлацијата, сепак, најверојатно ќе се зголеми подоцна во текот на годината и голем број аналитичари очекуваат „BoJ“ да ги смалува паричните олеснувања.

Во моментов инфлацијата е под целните 2 проценти, но економското заздравување е знак дека производителите може да ја зголемат цената на своите производи и соодветно на платите. Сигурен знак за повисока вредност на стоките во иднина е зголемувањето на цените на суровините.

Пазарот на трудот од своја страна се намалил најсилно од 1992-ра година. Ова е резултат на недостигот на капацитет, каков што покажале голем број компании од студијата и зборуваат за идно зголемување на капиталните расходи.

Официјални претставници на „ВоЈ“ изјавија дека ќе ги одржуваат квантитативни олеснувања, додека не видат дека има подолги зголемувања на платите и силна потрошувачка од страна на фирмите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП