2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја намали каматната стапка

ЕЦБ ја намали каматната стапка

ecb2

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали основната каматна стапка на 0,5 проценти, што е најниско ниво досега.

Последното намалување на каматната стапка беше забележано во јули 2012 година, кога ЕЦБ ја намали на 0,75 проценти.

Таквата одлука на ЕЦБ, аналитичарите веќе неколку месеци ја очекуваа, особено поради лошата економска ситуација во еврозоната и рекордната невработеност.

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги на почетокот на април јасно изјави дека може да дојде до намалување на каматната стапка, тој потенцираше дека ЕЦб е подготвена да ги превземе сите мерки за да се подобри економската ситуација во Европа.

За да се забрза одлуката на ЕЦБ, влијаеа повеќе економски фактори, меѓу кои беше намалувањето на активноста во приватниот сектор, особено во Германија. Освен тоа, во еврозоната во март е забележана рекордна невработеност, од 12,1 проценти, а инфлацијата беше на најниското ниво во послeдните три години.

Во Шпанија минатиот месец стапката на невработеност изнесуваше 26,7 проценти, а во Грција 27,2 проценти.

Со новото намалување на основната каматна стапка, ЕЦБ речиси ја достигна каматната стапка на Федералните резерви на САД од 2008 година, кога таа се приближи до нулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП