18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија прави најмногу увоз и извоз со земјите од ЕУ

Македонија прави најмногу увоз и извоз со земјите од ЕУ

germanija-izvoz

Обемот на стоковата размена со странство во првите три месеци од годинава изнесува 2.447.987 илјади американски долари. Извозот на стоки изнесува 948.053 илјади долари, а увозот 1.499.934 илјади долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 63,2 отсто. Трговскиот дефицит изнесува 551.881 илјади долари, објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува, дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Македонија, според статистичките податоци, извезувала 72,4 отсто од стоките кон земјите од ЕУ и кон земјите од Западен Балкан 18,8 отсто. Во овој период најмногу стоки се увезуваа од земјите од ЕУ 56,3 отсто.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија. Со овие земји се одвива 49,1 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП