Единствена финансиска обврска на Црна Гора кон НАТО ќе биде исклучиво членарината што на годишно ниво ќе изнесува околу 450 илјади евра, соопштено е од Комуникацискиот тим на Советот за членство на Црна Гора во НАТО.
Од таму уште додаваат дека често се пласираат погрешни информации дека НАТО бара два отсто од БДП за членство.
„Тоа е целосно неточно, бидејќи постојат два вида на трошоци, една е членарина и неа сите ја плаќаат и таа за Црна Гора ќе изнесува околу 450 илјади евра или 0,027 отсто од вкупниот годишен заеднички НАТО буџет“, појаснуваат од Советот.
Според нив, втора група на трошоци се за домашниот систем за одбрана, што Црна Гора мора да го има.