17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот стана легално платежно средство во Јапонија

Биткоинот стана легално платежно средство во Јапонија

Криптовалутата, вклучувајќи го биткоинот, од денес добива статус на платежно средство во Јапонија во согласност со закон за монетарната регулација усвоен порано од парламентот. Во документот е напишано дека таа ја исполнува функцијата на валута, но официјалната валута е само јенот.

Голем број прашања поврзани со оданочувања и известувања на операциите при користење на виртуелната валута, засега остануваат нерешени. Се очекува јапонскиот Совет на ревизорските стандарди да подготви збир на правила за таа цел дури по половина година.

Во врска со влегувањето во сила на новиот закон локалните банки планираат да се заземаат целосно со тестирање на технологијата „блокчејн“ (на чија основа се појави виртуелната валута). Здружението на јапонските банки претходно соопшти дека има намера до април 2018-та година да создаде нова платформа за соодветните тестови и за големите, и за регионалните институции. Целиот процес ќе биде поддржан од централната банка на Јапонија и Агенцијата за финансиски услуги.

Крајната цел на овој проект е да се развие опција за користење на технологијата „блокчејн“ за вршење на меѓубанкарскиот трансфер на пари што може да ги намали вклучените трошоци со околу 5%. Ова ќе доведе до пониски банкарски такси и ќе ја зголеми побарувачката на банкарски услуги од клиентите.

Според податоците на истражувачкиот институт „Fuji Chimera“ обемот на користените криптовалути во Јапонија изнесува 185 милијарди јени (1,67 милијарди долари) за 2015-та година. Експертите сепак предвидуваат дека до 2020-та година показателот ќе порасне десет пати. За најдобри изгледи се смета пазарот на мобилни плаќања во онлајн продавниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП