9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа референдум: Ако го сакаат еврото, нека го задржат

На референдум: Ако го сакаат еврото, нека го задржат

Ако Французите не сакаат да ја напуштат еврозоната, кандидатот за претседател од партијата Националниот фронт Марин ле Пен нема да ги принуди.

„Ќе го ставиме тоа прашање на референдум. Нема ништо да им наметнуваме на луѓето. Ако Французите сакаат да го задржат еврото, нека го задржат“, изјави генералниот секретар на оваа десничарска партија Никола Бајз, пренесува Ројтерс.

Повеќето приврзаници на Националниот фронт се противат на заедничката европска валута, но 72 проценти од гласачите во Франција не сакаат да се врати франкот, покажува истражувањето на агенцијата Ипсос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП