2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсланд ja затегнува контролата над туристите

Исланд ja затегнува контролата над туристите

Во последните неколку години нагло се зголеми популарноста на Исланд на туристичкиот пазар. Поради тоа, земјата се соочува со предизвикот да се справи со напливот од туристи – хотелите се пополнети до максимум неколку недели однапред, а изнајмувањето на возило е комплексна задача.

Растот на туристичкиот поток нанесува голема штета врз природните знаменитости, имено заради нив толку многу луѓе се собираат од целиот свет.

Во моментов во Исланд живеат 332.000 луѓе. Во 2010-та година земјата е посетена од 490.000 странски туристи, а седум години подоцна од 2.3 милиони туристи.

Властите во Исланд имаат намера да го ограничат туристичкиот поток.

Владата ја разгледува можноста за зголемување на туристичкиот данок, а исто така и за лиценцирање на пристапот до некои знаменитости.

Туристите ќе треба да плаќаат повеќе за визи, а co сите собрани средства властите ќе одлучуваат за подобрување на туристичката инфраструктура и одржување на природните локалитети.

Сите овие мерки се со цел развој и подобрување на квалитетот на одморот при посетата на туристите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП