6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на BlackBerry се повисоки од очекуваните

Приходите на BlackBerry се повисоки од очекуваните

Последниот извештај на канадската компанија „BlackBerry Ltd.“ покажува повисоки приходи од очекувањата за четвртиот квартал, пренесува „Ројтерс“.

Приходите се намалуваат со околу 38% до 286 милиони долари, но на приспособена база изнесуваат 297 милиони долари, што ја надминува просечната прогноза на аналитичарите за 289,3 милиони долари.

Канадскиот технолошки концерн ги диверзификува своите производи, па во моментов нуди смартфони, производи за управување со мобилни уреди (MDM) и индустрискиот оперативен систем „QNX“.

Акциите на BlackBerry поскапеа за 16% до 8,06 долари за време на утринската трговија на берзата „Nasdaq“. Акциите во Торонто ја зголемија вредност на цената со 15,4% до 10,70 канадски долари за готово.

Корегираните приходи на компанијата од продажба на софтвер и услуги забележуваат раст од 12,2% до 193 милијарди долари во четвртиот квартал, завршен на 28-ми февруари.

„Нашите очекувања за фискалната 2018-та година се да се развиваме со иста или малку побрза стапка од нашите конкуренти во софтверскиот бизнис“, изјави Џон Чен, главен извршен директор на компанијата. Тој додава дека очекува „BlackBerry“ да оствари приспособен профит и да ги генерира слободни готовински текови за фискалната година што завршуваат во февруари 2018-та година.

Канадскиот пионер на пазарот на смартфони бележи загуба од 238 милиони долари, или 45 центи по акција, во последниот квартал од 2015-та година до 47 милиони долари, или 10 центи по акција, во четвртиот квартал од 2016-та година.

Добивката на компанијата изнесува 4 центи по акција, ако се исклучат еднократните ефекти. Аналитичарите очекуваа компанијата бaзиpaнa во Baтepлo, Oнтapиo, да излезе „на нула“, но тоа не се случи, иако оперативните трошоци паднаа за околу 49% до 229 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП