21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите конечно го дочекаа бумот по кризата

Русите конечно го дочекаа бумот по кризата

Руската економија во четвртиот квартал од 2016 година отвари раст, прв пат по две години, покажаа објавените податоци на руската статистичка служба Ростат.

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија во тој квартал, на годишно ниво, пораснал за 0,3 проценти бидејќи официјална Москва излезе од двегодишната економска криза предизвикана со падот на цената на нафтата и западните санкции воведени за Русија поради украинската криза, пренесува агенцијата Франс прес.

Последен пат кога БДП на Русија забележал раст беше во четвртиот квартал од 2014 година и изнесуваше 0,2 проценти.

Во целокупната мината година, БДП на Русија опадна за 0,2 проценти, по падот од 2,8 проценти од 2015 година, соопшти Ростат.

За оваа година, владата во Москва прогнозираше раст од 0,6 проценти, додека министерот за економија Максим Орешкин вели дека би можел да достигне и два проценти.

Американската рејтинг агенција „S&P“ овој месец ги подобри изгледите на кредитниот рејтинг на Русија на „позитивни“ од „стабилни“ наведувајќи ги како причина подобрите перспективи на економскиот раст и недостатокот на ризик од зголемениот одлив на капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП