19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА12 хартии од вредност остварија промет од над милион денари

12 хартии од вредност остварија промет од над милион денари

Последниот трговски ден од неделава вкупниот промет на берзата изнесуваше 33,4 милиони денари, истргувани 122.359 лотови преку 105 трансакции. На листата на “милионерите” се запишаа дури 12 хартии од вредност кои остварија промет од над милион денари.

Денот отвори со две последователни блок трансакции со акциите на МЗТ Енергетика (количина 410 акции по цена од 3.104 денари) и акциите на Бетон Штип (количина 9.749 акции по цена од 515 денари). Подоцна во текот на денот дополнително се реализираа уште две блок трансакции со акциите на Нова Стоковна куќа Струмица и Скопски пазар АД Скопје.

Интерес имаше и за обврзниците за денационализација и тоа со поединечен промет РМДЕН10 од 217.326,26 денари, РМДЕН09 од 509.633,55 денари, и РМДЕН12, РМДЕН13, РМДЕН14, и РМДЕН15 емисија од 1,01 милиони денари,1,98 милиони денари, 1,27 милиони денари, и 1,35 милиони денари, соодветно.

Најголем пад на вредноста од (-7,14 отсто) со просечна цена од 2.608.33 денари забележа акцијата на OKTA АД Скопје.

Индексите денес во негативна територија МБИ-10 заврши со пад на вредноста од 0,16 проценти, а индексот ОМБ со пад на вредноста од 0,11 отсто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП