15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУкраинската компанија “Антонов” го претстави првиот модел без руски делови (видео)

Украинската компанија “Антонов” го претстави првиот модел без руски делови (видео)

Украинската компанија за производство на авиони “Антонов” во петокот во Киев го претстави првиот лет на својот Ен-132D – прв нејзин модел, конструиран без руски делови.

Авионот е за средни и долги товарни летови. Брзина му е 500 км / ч, а максималната висина е 9.000 метри, со носивост од 9.2 тони.

Во изградбата на авионот учествуваа партнери од САД, Канада, Велика Британија, Германија, Франција и др. Меѓу нив се светски имиња како Honeywell (Авионика) Pratt & Whitney (мотори), Liebherr-Aerospace Toulouse SAS (систем за подготовка на летот) Dowty Propellers (пропелери на турбовитлениот мотор).

Сите наведени земји се членки на НАТО и во говорот по повод настанот претседателот Петро Порошенко не пропушти да го забележи овој факт.

“Со земјите од НАТО се гради соработка, што одговара на насоката на стратешкиот развој на нашата земја”, додаде тој.
Од компанијата тврдат дека тој е создаден само за 18 месеци и е првиот производ на авионската компанија односно проект, формиран во 2016 г. Кој бил воден во рамките на реформата на одбранбената индустрија на Украина.

Со Саудиска Арабија е потпишан принципиелен договор за изградба на 80 авиони Ан-132 , но дел од нив би требало да се составуваат во арапското кралство.

Токму по желба на Саудијците авионот е опремен со мотори Pratt & Whitney. Конечната одлука на Ријад дали ќе има договор ќе биде донесена по испораката на првиот авион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП