22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД бара од НАТО членките да дадат план како ќе ги зголемат...

САД бара од НАТО членките да дадат план како ќе ги зголемат трошоците за одбрана

Сојузниците од НАТО, чии трошоци за одбрана се пониски од 2 отсто од БДП, на самитот закажан за мај месец, да дојдат со план како да ја исполнат својата обврска, побара државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон на денешната средба на Алијансата.

Тој потсети дека САД имаат непропроционално голем удел во колективната одбрана, во споредба со придонесот на останатите 27 земји членки.

Тилерсон ги повика сојузниците да ја исполнат преземената обврска од 2014 година и во рок од десет години да го постигнат нивото на трошоците за одбрана, односно да ги изедначат на два проценти од нивниот бруто домашен производ.

Освен САД во моментов само четири земји членки – Велика Британија, Грција, Естонија и Полска – го покриваат ова барање.

“На лидерската средба во мај нашата цел треба да биде да се договориме, па до крајот на годината сите сојузници да го исполнат ветеното или да имаат развиено планови во кои јасно ќе артикулираат како на годишна основа ќе напредуваат во исполнувањето на обврските” , рече тој.

Тој ги информира сојузниците дека САД ќе се придржуваат кон досегашните договори и дека Алијансата има потенцијал да се заштити, вклучувајќи и од руска агресија, соопштуваат во петокот агенциите Reuters и АР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП