5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако полесно да ги преживеете промените во бизнисот

Како полесно да ги преживеете промените во бизнисот

Секоj вид на бизнис, минува низ одредени промени. Од своето основање па се до затварањето на претпријатието, тоа минува низ цела низа на промени – динамики. Претпријатието расте или стагнира, се менува окружувањето, се менуваат интерните – внатрешни околности.  Всушност претпријатието претставува одреден систем кои не е постојано стабилен, туку се менува.

Секоj вид на промена претставува нешто ново и различно. Промените претставуваат природна состојба на претпријатието. Врз основа на ова, претпријатието е повредно доколку успешно се прилагоди на новите промени. Се подразбира дека секоја промена носи и одреден вид на „конфликт“.

Развојот на самото претпријатие носи голем број на различни промени, кои се случуваат во текот на неговото работење. Под тие промени ги подразбираме прифаќањето на нови идеи, нов вид на организациона структура, вработување или отпуштање на работници итн.

Секоја промена се манифестира како желба на претпријатието за поуспешно и поефикасно работење, што всушност значи дека претпријатието е во процес на секојдневна промена за да може да опстане на пазарот. Овие промени можат да бидат плански или неплански, можат да бидат иницирани од внатрешни или надворешни влијаниа итн. Процесот на промени опфаќа:

-Промени во технологијата на работењето

-Промени во организациона структура на претпријатието

-Промена во структурата и позицијата на вработените

За да се почне со процесот на промени, треба да се создадат одредени услови. Основниот услов за промени е да постои одредано количество на енергија за промени (позитивна или негативна).

Без разлика за каква промена збораме, секоја промена се рефлектира на вработените во претпријатието и на нивните односи. Значи основниот проблем кај промените е како да ги придобиеме вработените да ги прифатат промените.

Истражувањата покажаа да големите компании прават во просек една мала организациона промена во текот на една година. Додека големи организациони промени се реализираат во текот на секоја 4-та или 5-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП