Енергетскиот гигант „Shell“ соопшти дека извршниот директор Питер Восер ќе се повлече следната година од својата функција. Причина за тоа е што профитот на компанијата во првиот квартал се намалил поради пониските цени на суровата нафта.

54-годишниот Восер беше извршен директор на „Shell“ од јули 2009-та година. Компанијата додаде дека започнале со селекција на внатрешните и надворешните кандидати за негов заменик.
Оваа вест беше соопштена заедно со податоците за пад од 6 проценти на чистата добивка во првиот квартал на 8.18 милијарди долари.
Резултатите на компанијата настрадаа поради пониската цена на нафтата и глобалната несигурност на економијата.