7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови мерки за вработување на лица со посебни потреби

Нови мерки за вработување на лица со посебни потреби

Нов објект на Центарот за вработување во Дебар пушти во употреба во петок Директорот на Агенцијата за вработување во Република Македонија, Влатко Поповски.

Тој во петокот во Дебар ја најави најновата мерка за вработување на лица со посебни потреби од категоријата со оштетен вид и слух.

Поповски истакна дека новата мерка предвидува обуки на лица со оштетен вид, како и на лица со оштетен слух.

Според оваа мерка, лицата со оштетен вид ќе имаат можност да посетуваат четиримесечна обука за масери, ориентација во простор и описменување со Брајово писмо, рече Поповски.

Понатаму со новата мерка лицата со оштетен слух ќе се обучуваат за заварувачи и водоинсталатери. Со тоа ќе ги подобрат своите вештини и полесно ќе се вработат.

Градоначалникот на Дебар Ружди Лата истакна дека новите простории на оваа значајна институција ги исполнуваат сите параметри за работа. Тој ги поздрави сите мерки за вработување, како и најновата која беше објавена во Дебар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП