30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстварен значителен напредок во преговорите меѓу Грција и кредиторите

Остварен значителен напредок во преговорите меѓу Грција и кредиторите

Прес-секретарoт на Европската комисија изјави дека е постигнат “забележителeн напредок” во преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори, но се уште нема датум кога преговорите на високо ниво ќе бидат обновени во Атина, пренесе во петокот Reuters.

“Овие контакти можат да ја отворат вратата за враќање на мисиите во Атина, со цел да се направи преглед на долгот и тој брзо да биде завршен, но се уште нема одреден датум”, рече тој.

Во моментов преговорите се одвиваат преку телефонски конференции. Враќањето на преговарачите во Атина би било чекор напред кон прелиминарен договор за реформите кои Грција мора да ги спроведе во замена за нов заем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП