12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштена нова банкнота од пет евра

Пуштена нова банкнота од пет евра

evrapet

Денеска во оптек е пуштена нова банкнота од пет евра.

Најголемата разлика ќе ја забележите кога ќе ја имате во рака, а тоа е дека е обложена со специјален лак. Ова всушност е почеток на системската замена на сите банкноти.

Оние неколкумина кои веќе првиот ден ја добија новата банкнота приметија дека таа има многу сличности со старата. Но постојат и многу разлики, износот на апоенот повеќе не е над темната позадина на античката градба, туку бројката пет е скоро на средината од банкнотата. На нејзиното старо место се најде нешто посложена холограмска лента на која се наоѓа главата на античката божица Европа.

Печатењето на новите банкноти гувернерот Марио Драги го потпиша уште минатата година. Новите банкноти од пет евра се првите кои се пуштени во оптек, но обновата ќе потрае додека не се променат сите, поточно до најголемиот апоен од 500 евра. Според плановите во 2014-та година ќе се појави новата банкнота од 10 евра, додека една година подоцна и од 20 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП