4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустриското производство во февруари

Пад на индустриското производство во февруари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, изнесува 98.7.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи опаѓање од 4.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 31.9%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 17.5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.2%, Капитални производи за 0.1%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 7.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.3%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на периодот јануари – февруари 2016 година, изнесува 98.1.

Индекси на бројот на работниците во индустријата, февруари 2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, изнесува 100.4.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст од 1.0%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3%, Капитални производи за 4.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.9%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 100.4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП