18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот долг на Црна Гора 2,4 милијарди евра

Државниот долг на Црна Гора 2,4 милијарди евра

Државниот долг на Црна Гора изнесува 2,4 милијарди евра, беше соопштено по вчерашната седница на Владата на која беше разгледуван извештајот за јавниот долг.

Црногорскиот министер за финансии Дарко Радуновиќ изјави по седницата на Владата дека долгот на локалните самоуправи изнесувал 143,09 милиони евра.

Тој додаде дека вкупните остварени државни и локални приходи во минатата година изнесувале 1,63 милијарди евра, што е за 10,2 проценти повеќе во однос на 2015 година.

„Ако одвоено ги набљудуваме државните од локалните приходи, остварено е нивно зголемување од номинално 158 милиони евра, односно раст од 11,6 проценти во однос на 2015 година“, изјави Радуновиќ.

Тој наведе дека локалните приходи се остварени во износ од 118 милиони евра и дека се помали за 5,4 проценти во однос на 2015 година.

„Остварената наплата на локалните приходи не може да се смета за задоволителна, бидејќи минатата година се зголемени даночните стапки кај данокот на недвижен имот“, објасни Радуновиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП