9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија значително забави

Инфлацијата во Германија значително забави

Инфлацијата во најголемата економија на Европа, Германија, значително забави во март откако претходниот месец го надмина целното ниво на Европската централна банка.

Индексот на потрошувачките цени во Германија порасна во март за 1,6 проценти меѓугодишно, додека на месечно ниво опадна за 0,6 процентни поени, според показателите на Федералната канцеларија за статистика, Дестатис, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите предвидуваа дека инфлацијата во март ќе изнесува 1,8 проценти,

Германската инфлација во март, според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, омиленото мерило на ЕЦБ, достигна 1,5 проценти.

Следено според поединечни ставки кои влегуваат во германската кошница при пресметувањето на инфлацијата, растот на цените на електричната енергија во март забави на 5,1 проценти во однос на февруарските 7,2 проценти, додека растот на цените на храната се спушти од 4,4 на 2,3 проценти.

Цените на стоката се зголемени за 2,5 проценти во споредба со 3,2 проценти од февруари, додека инфлацијата во секторот за услугите достигна 0,7 проценти по 1,3 проценти од претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП