3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: ЕУ треба да заземе тврди позиции за време на преговорите за...

Шојбле: ЕУ треба да заземе тврди позиции за време на преговорите за Брегзит

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека ЕУ треба да заземе тврди позиции за време на преговорите со Велика Британија при нејзиното излегување од заедницата, пренесе во петокот Ројтерс.

“Сакаме Британците да се блиску, но нема права без обврски”, изјави Шојбле за време на интервјуто дадено за локалните медиуми.

Тој посочи дека главната задача за време на преговорите е да се намалат до крај штетите, кои може да им се нанесат и на двете страни, но тоа е комплицирано поради низата прашања кои ќе се отворат во текот на процесот.

“Велика Британија нема да го задржи сегашниот пристап до Единствениот европски пазар, ако не ги прифати правилата поврзани со него”, додаде министерот.

Тој потенцира дека целта не е да се казнува Велика Британија, но сепак Брегзит ќе и наштети и на неа, и на остатокот од Европа “.

Шојбле предупреди дека земјите-членки на ЕУ треба да бидат подготвени дека Велика Британија ќе се обиде да ги постави едни против други и ги повика да бидат обединети во преговорите со Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП