7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија лицата со посебни потреби имаат ограничен пристап до здравствени услуги

Во Македонија лицата со посебни потреби имаат ограничен пристап до здравствени услуги

Лицата со посебни потреби во Македонија имаат ограничен пристап до здравствени услуги од што произлегува општото незадоволство на услугите на здравствена заштита, а тоа најмногу се препишува на фактот дека во Македонија осигурениците имаат право на здравствено осигурување до навршување на 26 години.

„Земајќи го во предвид фактот дека постои група на лица со хендикеп кои се работо неспособни, дека сè уште се справуваме со проблем на мал број на компании кои сакаат да вработат лице со хендикеп и поради тоа оваа категорија на граѓани не е во можност да се стекне со здравствено осигурување по навршувањето на 26 години очигледна е потребата од ревидирање на законот за здравствено осигурување и обезбедување на бесплатни здравствени услуги за лицата со хендикеп”, велат од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус и Здружението на студенти и младинци со хендикеп од Скопје.

Конвенција за правата на лицата со попреченост е усвоена во рамките на Обидинетите Нации на 13 декември 2006 година. До јануари 2011 година ја имаат ратификувано 97 држави. Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на 30 март 2007 година, а ја ратификува на 5 декември 2011 година.

Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН, претставува прв меѓународно правен и обврзувачки инструмент преку кој се утврдуваат минимум стандарди за правата на лицата со посебни потреби.

Целите на Конвенцијата проникнуваат од осум приоритетни области, од кои под реден бр.7 е Здравството: еднаков пристап до здравствени услуги и сродни здравствени установи за лица со посебни потреби. Согласно со Конвенцијата се гарантира правото за сестрана и еднаква здравствена заштита со еднаков квалитет за лицата со посебни потреби, и се регулира правото за највисок достапен стандард во здравството без дискриминација врз основа на попреченост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП