3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја предупреди Велика Британија да не презема „даночен дампинг“

Германија ја предупреди Велика Британија да не презема „даночен дампинг“

Владата на германскиот канцелар Ангела Меркел ќе инсистира Велика Британија да не презема „дампинг“ на даноците, како дел од бизнис зделка за време на преговорите околу „Brexit“, соопштува „Bloomberg“, цитирајќи висок претставник на германското Министерство за економија.

Стравувањата се дека британскиот премиер Тереза ​​Меј може да одлучи да ја воскресне заканата, да наметне пониски даноци во Велика Британија, со цел да добие трговски попусти и да си обезбеди предност во зделката при преговорите.

Секој иден трговски договор меѓу ЕУ и Велика Британија ќе биде можен само ако е придружено со ветување од страна на Владата на Меј дека нема да предизвика штетна конкуренција во областа на даноците и регулациите, изјави германскиот заменик-министер за економија Матијас Махниг во интервју за „Bloomberg Television“.

„Не сакаме да крева бариери на трговијата, потребни се фер трансакции“, рече Махинг.

Предупредувањето покажува дека Меркел зазела тврда позиција, според која некои работи не се предмет на дискусии. Во јануари германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави за „Bloomberg“ во Давос дека „трката до дното“ кај корпоративното оданочување нема да биде толерирано.

Коментарите на Махинг ја одразуваат германската позиција која останува претпазлива откако Меј го испрати писмото на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со што започна двегодишни преговори за излез од ЕУ.

„Можеме да склучиме фер трговски договор со придобивки и за двете страни само ако има разумни рамковни услови во областите како што данокот, регулациите и друго“, рече Махинг. „Трка до дното“ по однос на даноците и регулациите „ќе ги направи трговските односи“ тешки, рече тој.

Ништо во писмото на Меј не претпоставува дека таа сака да ги преземе во оваа насока. Меѓутоа во јануари, таа јасно стави до знаење дека не се плаши да ги вознемири поранешните партнери, за да ја исполни каузата.

„Се уште ќе можеме да тргуваме со Европа“, рече таа тогаш. „Ќе можеме слободно да потпишуваме комерцијални трансакции со светот. И ќе имаме слобода да дефинираме конкурентни даночни стапки и да перцепираме политики кои ќе ги привлечат најдобрите компании во светот и најголемите инвеститори во Велика Британија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП