3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија има најевтино дизел гориво во регионот, Романците најевтин бензин

Македонија има најевтино дизел гориво во регионот, Романците најевтин бензин

Цените на горивата кај нас се прилично стабилни и нема некои поголеми промени поради фактот што цената на нафтата на светските пазари нема поголеми движења.

Поголеми промени на цените нема  ни на пазарите во регионот. Македонија има најниска цена на дизел горивата со цена од околу 0,85 евра за еден литар, потоа Романија со цена од околу едно евро. За дизел горивото иста цена од околу едно евро плаќаат и Босна и Херцеговина, 1,07 евра плаќа Бугарија, потоа следи Хрватска каде еден литар дизел чини 1,14 евра и во Црна Гора и Словенија е 1,15 евра за литар дизел гориво. Најскапо дизел гориво плаќаат во Грција- 1,28 евра, Албанија е одма позади нив со 1,25 евра и Србија со цена од 1,21 евро.

Нешто поинаква е сликата кај бензините.  Најскап бензин плаќаат Грците- 1,52 евра за литар, Црна Гора -1,29 евра, па следи Албанија со цена од 1,27 евра. Во Словенија и Хрватска за литар бензин треба да издвоите 1,25 евра. Најевтина цена на бензините има во Романија од околу едно евро за литар, потоа следи Македонија со цена од околу  1,06 евра, Бугарија со 1,07 евра и Босна и Херцеговина каде треба да се издвојат 1,09 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП